Сместување

Хотел Илинден има 20 (дваесет) стандардни двокреветни соби, 5 (пет) помошни и 2 (два) апартмани. Сите соби и апартманите се климатизирани и опремени со кабелска ТВ, телефон, фен, а исто така и секоја од собите има сопствен балкон за поцелосно уживање во глетката и запознавање на градот што се рапостила пред вас од поинаква перспектива. Сосема е оригинален и поинаков вкусот со кој се уредени собите.


 Тоа е модерен стил, функционален, ненападен и што е најважно, зрачи со топлина и свежина на идеи, бои и форми, кои ќе придонесат вашето присуство да се чувствува почитувано и посакувано, и дека некој се погрижил вашиот престој во Хотел 

Илинден да го ослободи од секакви формалности и претенциозности, затоа што ние токму најмногу полагаме на тоа со какво чувство ќе ве дочекаме и со какво чувство ќе ве испратиме кога ќе заврши вашето предвидено време за престој.

Hotel Ilinden-14 Hotel Ilinden-15 Hotel Ilinden-16 Hotel Ilinden-17 Hotel Ilinden-18 Hotel Ilinden-20 Hotel Ilinden-21 Hotel Ilinden-12 Hotel Ilinden-13 xml lightbox galleryby VisualLightBox.com v5.9